-Во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, претходно, се одржа средба на проректорите Горан Илиќ и проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска со професорот Адриано Фригановиќ претседател на Европска организација на сестри специјалисти, хрватскиот Националниот сојуз на сестри и Друштвото на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија.Во Ректоратот на УКЛО, проректорите, проф.д-р Горан Илиќ и проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска остварија средба со професорот Адриано Фригановиќ, претседател на Европска организација на сестри специјалисти, хрватскиот Националниот сојуз на сестри и Друштвото на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија.Важноста на средбата произлегува од фактот дека професорот Фригановиќ, прв доктор на науки од областа на сестринството во Република Хрватска ги пренесе искуствата за кариерен развој на сестринството од земја членка на ЕУ, во којашто постојат академски, магистерски и докторски студии за медицински сестри. Оценето е дека хрватската практика и начините на имплементација може да помогнат и во заложбата на УКЛО, ВМШ да прерасне во Факултет за здравство.Средбата доби значајност со присуството на респектабилни претставници од СЗО, МЗ и МОН, меѓу кои: д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита, д-р Соња Славковиќ еден од изготвувачите на курикулуми за вакви студиски програми, како и м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри. Присутните авторитети од областа на сестринството, беа и главни панелисти на трибината пто се одржа на ВМШ за Законот за сестринска дејност.Донесувањето на Закон со којшто ќе се регулира сестринската дејност, според д-р Ангелка Јанкуловска, предавач во Школата, ќе овозможи големи придобивки за институцијата и особено за студентите, во делот на нивните компетенции, усогласување со европските регулативи и воспоставување академски студии во духот на најавите за трансформација на ВМШ во Факултет за медицински науки и здравство.
На Високата медицинска школа на УКЛО Битола панел – трибина за Законот за сестринска дејност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)