Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: се степале маж и жена и двајцата пријавиле физички напад, нападнато и малолетно лице, битолчанец каснат од куче во зоолошка

На 29.01.2024 во 22.30 часот во СВР Битола, В.Л.(21) од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Џ.Р.(28) од село Лера, битолско, со кого подолго време не живееле заедно. Истиот ден во 23.40 часот во СВР Битола и Џ.Р. (28) пријавил дека бил физички нападнат од неговата невенчана сопруга В.Л., која употребила и тврд предмет. Во врска со настанот, во 23.50 часот во СВР Битола, А.У. (37) од Битола пријавил дека В.Л. (22) физички ја нападнала неговата малолетна ќерка, која била заедно со нејзиниот вујко Џ.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 29.01.2024 во 09.00 часот во СВР Битола, Т.С. (63) од Битола пријавил дека во кругот на „ЗОО Битола” бил каснат од куче скитник.
More from ВестиMore posts in Вести »