Press "Enter" to skip to content

Фото вест: алко-патрола во неколку кафулина, во рамките на “Неделата за безбедност“

Во рамките на “Неделата на безбедност“ како дел од многуте активности кои ги имаа членовите на Општински Совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата Битола,  предводени од претседателот д-р Јасмина Буневска Талевска, ја одржаа и алко патролата.

Младите кои беа во кафулината “Симбол“, “Инкафе“, “Портал“, “Интермецо“, “Порта џез“ и случајните минувачи беа теститани за алхохол во крвта со најсовремени мерачи.

Оние кои имаа алкохол во крвта во рамките на дозволеното од волонтерите добија “зелени картони“ дека смеат да бидат учесници во сообраќајот, а оние кои ја надминале дозволената граница на алкохол во крвта добија “црвени картони“.