Press "Enter" to skip to content

Соопштение за корисниците на вода на ул. “Св. Климент Охридски“

Поради изведување на градежни работи   (промена на атмосферска и фекална канализациона мрежа) од страна на ЈКП “Нискоградба“ Битола,  на ул. “Св. Климент Охридски“ во Битола ( на потегот од ул. “Солунска“ до ул. “Партизанска“),  можно е да дојде до оштетувања на индивидуални приклучоци на водоводната мрежа, а со тоа и прекинување со водоснабдувањето на корисниците на вода. 

За подетални информации во врска со водоснабдувањето ќе бидете благовремено информирани од  страна на ЈКП „Водовод“ Битола.

Екипа на ЈКП „Водовод“ Битола во моментот работи на отклонување на дефект на индивидуален приклучок на ул. „Св. Климент Охридски“.

 ЈКП „ВОДОВОД“  БИТОЛА