Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зависност од смарт телефони- номофобија

Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Паметните „смарт “ телефони станаа составен дел од нашиот живот. Тие не поврзуваат , информираат, забавуваат… Тие се со нас кога се будиме, јадеме или спиеме. Досадно ни е? Тука е телефонот. Тажни сме? Тука е телефонот. Нервозни, лути, осамени… Ние не сме свесни, но и паметните телефони се пролагодуваат на нас, на нашите желби, и барања дури како да ни ги читаат мислите.

Просечна личност го проверува телефонот 33 пати дневно , а тинејџер три пати повеќе, на автоматско сурфање ,без вклучување на мозокот обично губиме по 2 сати дневно, секој трет човек погледнува во телефонот веднаш после 5 минути после утринско будење, а дури 35 проценти се враќаат на телефонот после легнување.

Тие се некои од поразителните статистики за користењето на смарт телефоните. Ако знаеме дека тие се појавени пред околу 10 години тогаш се поставува прашањето како толку брзо сме се навлекле на нив и која ни е перспективата? И во кој миг телефонот станал за нас најважен? Во кој момент ние треба да сфатиме дека тој ни е поважен од реалниот свет на комуникација со други личности и дека сме ја преминале границата ?

Со одговорите на некои од низа прашања веќе се воведе еден нов поим на зависност од паметните телефони која  е наречена „номофобија“ – страв дека ќе останеме без телефон и секако други симтоми:

-Ако не обземе ладна пот кога го зааборавиме дома и вознемирени сме „што ќе правиме без него“, или да останете без батерија (носите и со себе )

-Ако ни се чини дека вибрира без да реагира или звони и постојано гледате во него

-Ако се потресуваме дека ќе ни снема батерија- тогаш можеме да се загрижуваме.

-Ако не оддалечува од  драгите личности и  права комуникација. А  воспоставувавете само таков вид комуникација – со мобилен телефон.

-Постојано гледате во телефонот дали има ,порака, нотификација

-Секаде одите со вашиот телефон ( на спиење, во тоалет)

Некогаш и не сме свесни дека сме ја преминале границата  и дека се е во рамките  на „нормалност“  бидејќи „Мобилните телефони не поврзуваат со светот со другите луѓе што е една од најесенцијалните потреби кај луѓето  како социјално битие. Но таа поврзаност  е илузија бидејќи не добиваме реално комплетни информации за светот околу нас ниту остваруваме права блискост со другите луѓе, ниту способност на самостојно снаоѓање во нови средини“ истакнува психологот, Иван Огризовиќ

Како да се соочиме со тоа и бориме против …?

Научниците предупредуваат дека долготрајното користење на телефон  влијае и тоа да ментално здрави поединци покажуваат знаци на психијатриски проблеми како што се:

-Опсесивно – компулзивни пореметувања (постојано имаме потреба да погледнуваме и отвараме на телефон, да ги поверуваме нотификациите кои ни доаѓаат., и да  скроламе  на екранот.

-Пореметување на вниманието, фокусирањето и способност да подлабоко размислуваме.

-Се менува структурата и функцијата на мозокот вклучувајчи ја и можноста за формирање на сеќавања.

Тука се надоврзуваат:

-намалена емпатија со другите луѓе заради виртуелна комуникација и воспоставуваме на нереални врски со нив.  Заради сето тоа не постојат  вистински прави релации на соживување и сочуствување со нивните емоции,

-паметните телефони ја јакнат егоцентричноста,

-го намалуваат почитувањето на бон тон – кога сме излезени во кафуле го ставаме на маса и без оглед на комуникацијата постојано погледнуваме во него, пишуваме пораки и ја прекинуваме копмуникацијата  со соговорникот, што е некогаш крајно непријатно.

-често можат да не направат исцрпени, па дури и несреќни.

Ако цело време гледаме во телефонот:

-ја губиме суштинската поврзаност и блискост со другите луѓе,

-квалитетна комуникација

-заинтересираноста за другите луѓе

-способноста да ги слушаме и сослушаме

-емоционално да се изразуваме

-да разменуваме и препознаваме вистински емоции и состојби кај другите

-реално да го согледаме светот и да ги набљудуваме луѓето околу себе,

-да најдеме нормален партнер

-ја губиме способноста да имаме квалитетен мирен сон

-подобро внимание и концентрација во учењето и ртаботата

И најважно – забораваме да бидеме присутни во сегашниот момент. Децата,  тинејџерите најзагрозени

Со сите овие предупредувања на психолозите свесноста за опасноста од зависноста на 21 век порасна и тука најзагрозени се помладите т.н. „нулта генерација“ во истражувањата.  Се смете дека завсисноста многу често се развива во детството кога игрите кои ги играат децата на телефон и кон кои се склони влијаат на мозокот во текот на рзвојот и со тек на време зависноста станува проблем.

Кај тинејџерите зависноста од мобилните телефони воглавном ги прати и е причина за други проблеми од типот на социјална изолација, незадоволство со и од себе, недостаток на самопочитување, ниска самодоверба,  но често оди и во друга крајност на нарцисоидност, егоцентричност и себе преценување.

Сето ова во различни степени е присутна кај поголемиот дел од младите, па денес веќе се смета инза еден вид на „нормалност“, но секако е дека ќе има се поголеми социјални последици во наредните децении предупредуваат психолозите. Но сепак мораме да кажеме дека се навлечени и постарите.

Кога забележиме дека нашето „дружење “ со мобилниот трелефон станува „нездраво“ имаме неколку можности:

-како и за секоја промена, потребна е одлука.

-за одлука е потребна свесност за штетноста и последиците

-за развој на свесност потреенби се нови, силни, вистински информации или негативно лично искуство или облик на незадоволство која ќе не покрене да знаеме што правиме и како да се справиме со проблемот.

 Се препорачува:

-ослободете се од мобилниот телефон најпрво од спаланат соба за да не е првото нешто што го гледаме кога се будиме, или последното кога легнуваме или дури и се навраќаме на него,

-добро е да се воведат некои правила, на пример без телефон за време на ручек, кога се одмараме да го исклучиме, во теретана …

-од непријател да го направиме сојузник и орудие (алатка) која ќе ни помага во нашиот живот. Вметнете апликација која ќе ве предупредува кога поминувате подолго време од колку што би сакале,

-кога излегувате со пријатели или исклучете ги телефоните за да не гледате постојано во нив, и имате квалитетна права комуникација

Во некои земји има места ресторани каде постојат едно место на собирање на сите телефони на едно место, за да можат да разговарат и се дружат вистински меѓу себе!

 Ако постои зависноста  од висок степен тогаш мотивација и одлуки не се доволни, тука е потребна поддршка на околината и стручна помош.

More from БитолаMore posts in Битола »