На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница составена од ул. “Прилепска“ и ул. “Наум Наумовски Борче“ во Битола случена е сообраќајна несреќа.
Во неа учестувале патничко моторно возило “волсфаген пасат“ со битолски регистарски ознаки управувано од 68 годишник од Битола и сопатник на возраст од 67 години од Битола и патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки управувано од 29 годишник од Битола и сопатници на возраст од 55 и 28 години од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола се здобил сопатникот во “бмв“, а со телесни повреди се здобиле другите двајца.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.