Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Радован Ѓорговски – Циздата

По долго и тешко боледување на 70 годинашна возраст почина битолчанецот, Радован Ѓорговски – Циздата,  поранешен фудбалер, тренер и фудбалски работник.

Фудбалската кариера Ѓорговски ја започнал во фудбалскиот клуб БСК, а потоа и во Пелистер. Потоа фудбалската кариера ја продолжи во  ФК Битола и ФК Транскоп, а надвор од Битола настапувал за ФК Овче Поле од Свети Никола.Како тренер, Радован Ѓорговски – Циздата, ги тренирал екипите на ФК РЕК, ФК Транскоп и ФК Пелистер, а има работено и со млади репрезентативни категории.