Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ го подготвува ски-центарот за престојната зимска сезона

Јавното претријатие “Стрежево” започна да го подготвува ски-центарот “Нижеполе“ за предстојната зимска туристичка сезона.

-Започнато е поставување на енергетски кабел во ров, во должина од околу 1,000 метри и поставување на рефлектори за осветлување (панично осветлување) за ноќното скиење во периоди кога ќе нема мрежно напојување. Со ова осветление се зголемува сигурноста на скијачите на ски стазата при ноќното скиење. Ќе бидат заменети дрвените столбови со нови повисоки бетонски столбови и ќе бидат осветлени паркинзите на ски-центарот “Нижеполе“, објави денес директорот на ЈП “Стрежево“, Менде Граматиковски и додаде дека новата сезона на зимскиот центар  ќе ја дочека подготвено.