Регулаторната комисија за енергетика, одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%.
Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ се зголемува за 2,00 ден/лит, додека цените на останатите горива не се менуваат.
Така од полноќ:
-бензинот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 85,00 денари/литар,
-„еуросуперот-98“ ќе има цена од 85,50 денари/литар,
-дизелот ќе се продава по цена од 76,00 денари/литар.