Владејачката СДСМ на денешниот 28. Конгрес ги соопшти носителите и коносителите на официјалните листи за пратеници на претстојните парламентарни избори.
Во петата изборна единица прв на пратеничката листа на гласачкото ливче ќе биде актуелниот собраниски спикер Јован Митрески, а коносител ќе биде потпретседателката на СДСМ и министер за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Листите прво ги минаа партиските филтри односно Централниот и Извршниот одбор каде беа дефинирани сите 120 кандидатски места.






