Денес, понеделник, 25 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 13 степени.
Утре, вторник, 26 март, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14 степени.