ЕСМ Топлификација Битола информира дека денес завршија работите околу изведување на проектот “Топлификација“ во делот на улица “Железница“ – Обиколница во должина од еден километар и изведба на главна разделна шахта. Со завршувањето на работите улица “Железничка“, од Дулие до реката Драгор, е пуштена за сообраќај.
Утре ќе се изврши целосно миење на улицата, а тоа ќе значи и комплетно заокружување на работите на улица “Железничка“.
ЕСМ Топлификација Битола информира и дека од понеделник се продолжува со изведбени работи согласно градежната дозвола и сообраќајните решенија.
Следна делница на која ќе се работи од крстосницата кај кафе-бар “Триангл“ до крстосницата кај ресторанот “Ловец“.






