Зијадин Села од Алијанса за Албанците (АА) ќе биде носител на пратеничката листа во Изборната единица 5 како дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ соопшти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по потпишувањето на коалицискиот договор со Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.
Лидерот на ДУИ го промовираше Села како носител на пратеничка листа уште пред да биде официјализирана соработката со Алијанса на Албанците во рамките на коалицијата „Европски фронт“.