Денес, понеделник, 1 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, вторник, 2 април, во Битола, времето ќе биде претпладне променливо облачно. Преку денот претежно сончево. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 22 степени.