Поради штрајк на грчката царина, овие два дена, ќе има привремено затворање на граничните премини од грчка страна, соопшти МВР.
Граничниот премин Меџитлија, кој е најблиску до Битола е затворен за секаков вид на сообраќај во периодот, од 6 часот, изутрината до 6 часот, на 4-ти април.
Граничниот премин Стар Дојран исто така, ќе биде затворен, во истиот период но тука, влез и излез во Грција ќе можат да остварат само возила што вршат транспорт на лекови и други медицински возила.
И граничниот премин Богородица ќе биде целосно затворен, за секаков вид на сообраќај, во истиот период.