Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец се префрлувал преку балкун паднал и се повредил, приведен охриѓанец имал остар предмет

На 04.04.2024 во 22.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во Битола, 59 годишно лице од Битола, префрлувајќи се преку балконот, изгубил рамнотежа и паднал. Со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.

На 04.04.2024 во 18.00 часот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишник од Охрид затоа што кај него бил пронајден остар предмет. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.

 

More from ВестиMore posts in Вести »