Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник фатен при тешка кражба, нападнат полицаец, на нива пронајдени 80 стари гранати

На 06.04.2024 околу 23.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил фатен при обид за извршување „тешка кражба“ на ул. „Бонде Скерлевски“ во Битола. По документирање на настанот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава. 
 
На 06.04.2024 во 19.20 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, во правец кон село Долно Српци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола го лишиле од слобода 51 годишник од с.Могила, битолско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 
 
На 06.04.2024 во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари  гранати. За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска војна со калибар 60мм и кој безбедно ги подигнал. Увид бил извршен.
More from ВестиMore posts in Вести »