Денес започна имплeментацијата на проектот: ”Подобра социјална инклузија преку изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во Пелагонискиот регион”.
Во рамките на овој проект Тумбекафе над Битола ќе добие нов современ изглед со опрема и урбани елементи што ќе бидат во функција на потребите на посетителите.
Активностите со кои во општина Битола се модернизира и осовремeнува потегот Тумбе Кафе – Смолево, вклучуваат: адаптирање и уредување на пешачките патеки, поставување на нова современа урбана опрема, санација и адаптација на постоечката урбана опрема како и изградба на нова фитнес зона.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој со кофинансирање од страна на Општина Битола, согласно Одлука на Советот на Општината.
Проектот ќе придонесе кон подобрена социјална инклузија во Пелагонискиот плански регион.

Омилената зона за рекреација и релаксација на битолчани на Тумбекафе над Битола ќе добие нов современ изглед
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





