Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот од Советот на општината, Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на воведните активности за отпочнување на проектот за „Реконструкција на улица „Бурса“ (Индустриска)“. Градоначалникот Коњановски, информираше дека, создадени се потребните услови за непречена реализација на овој проект, така што, изведувачите веќе започнаа со работа на терен.
-Започнуваме со реконструкција на коловозот на уште една важна сообраќајница за градот која значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“. Со реконструкцијата на улицата „Бурса“ или позната и како „Индустриска“, се реализира едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на градот, со што значително ќе се подобрат условите за нивно непречено секојдневно работење. Реконструкцијата се врши во должина од 2,4 километри, во вредност од 37.560.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта. Ова е уште еден од проектите кој локалната самоуправа го реализира со тенденција за создавање подобри инфраструктурни услови во сите делови на општината, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Започна реконструкција на улица “Бурса“ поранешна “Индустриска“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





