Во средното Медицинско училиште “Др. Јован Калаузи“ во Битола, беше одржана работилница предводена од прим. доц д-р Данчо Бизевски и д-р Енес Бајрамов. Тематскиот и практичен осврт на работилницата претставуваше Тоталната беззабост, причините за настанување, но и практичните решенија за истата од имплантолошки и протетски аспект.
Во тој дух, ученицитте од IV година од смеровите стручен забен техничар и стручна медицинска сестра, беа комплетно едуцирани за важноста и сериозноста на оваа проблематика, и беа воведени во имплантологијата како една од најмодерните специјалности на денталната медицина.
Едукацијата опфаќаше и практична примена и обука за припрема на пациентот за оперативен зафат, припрема на хируршкиот тим и хируршкото работно поле, вовед во хируршка работа со животински и фантомски вилици, и изведување на протетските лабораториски и клинички фази.

Ваквиот концепт наиде на широк интерес, и претставува прва едукација во државата од ваков вид во средните медицински училишта.






