EXPO 2024, кој денес се одржа на факултетот за информатички технолигии и комуникации во Битола кој работи како дел од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола е можност за поврзување на студентите од ФИКТ со компаниите од реалниот сектор и промовирање на професијата ИТ инженер, како една од најатрактивните професии денес на пазарот на труд.
На Саемот на кариера со свои штандови се претставија над 20-тина компании од Битола и регионот, кои пред студентите на ФИКТ и учениците од средните училишта ја претставија својата дејност и понудија стипендии, практиканство и можности за вработување.
Во рамки на настанот се одржа панел дискусија на тема: „Подобрување на амбиенталните капацитети на ФИКТ“.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој беше присутен на Саемот со големо задоволство изјави:
-Повторно, како и пред непол месец, кога имавме на Техничкиот факултет, го споделувам мојот восхит и денеска за сличен настан на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, Саем на кариера и работување. Гледате гужва како во кошница, информиран сум дека присуствуват над 24 фирми, доминира приватниот бизнис, што значи дека Битола има развиена ИТ индустрија, дека таа ИТ индустрија има потреба од кадар и дека таа индустрија го препознава Факултетот за информатички и комуникациски технологии како главен извор на квалитетен кадар. Поголемо задоволство за еден ректор и посебно за еден професор нема кога знаете дека вашите студенти се барани од индустријата, од приватниот бизнис да се вработат, што ќе рече дека имаат солидни познавања и дека вие како факултет, како професор, индивидуа стеја исполниле вашата етичка обврска што ви ја дало општеството.
Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски по повод настанот изјави дека многу е поголем бројот и на компаниите и на студентите и особено на матурантите како посетители на Саемот.
-Саемот на кариера представува мост којшто ги вклучува трите клучни столба и тоа е академијата, ние како факултет, како универзитет, бизни секторот, тоа се ИТ компаниите и други компании во коишто не може да се замисли да нема ИТ специјалисти и секако, студентите. Студентите се во центарот на внимањето на нашите факултети и на нашите Универзитети. Преку овој саем на кариера, студентите и компаниите стапуваат во разговори, интервјуирање и така, од ланкото искуство, многу лесно студентите наоѓаат работа или практикантство во некоја од ИТ компаниите и не само во нив, туку и во други компании, рече Ристевски.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски Саемот ја поздрави креативноста, посочувајќи декао од младите и од факултетот може да се запознават нивните можности, можностите кои ги дава бизнис секторот за вмрежување на Факултетот и според него, радува фактот што има се повеќе учесници на Саемот, особено што живееме во време на ИТ комуникација.
-Втора година по ред, радува фактот што има се повеќе учесници на овој саем и голем интерес за информатичката технологија. Како локална самоуправа, продолжуваме да ја негуваме добрата соработка со Универзитетот “Св. Климент Охридски“, а универзитетската летна пракса е еден од проектите кој заедно со ректорот го започнавме минатата година, а го реализираме во текот на летните месеци, кога и нас, на локалната самоуправа ни се најпотребни, но и тие да се уверат во она што го работи локалната самоуправа и јавните претпријатија, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
И оваа година, паралелно со одржувањето на Саемот на кариера CAREER EXPO 2024, се одржува и хакатон на тема “Паметна околина и паметни алатки“ на кој учествуваат 12 екипи од студенти на ФИКТ и средношколци од Битола и Демир Хисар. 40-сеттината учесници на хакатонот со работа ќе продолжат и утре, кога ќе ги презентираат изработените проекти. Најдобрите ќе бидат наградени.
Е. Атанасоска
[ngg src=”galleries” ids=”1939″ exclusions=”24527″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






