Press "Enter" to skip to content

Франкофонската пролет во Битола во пресрет на ОИ 2024 (фотогалерија)

Во рамките на промоцијата на престојните Олимписки игри во Париз ,на 09 април во изложбениот простор на прекрасниот Офицерски дом отворена е изложбата “Жените и спортот“.Изложбата, која ќе пропатува во повеќе градови, ја иницираше и ја реализира Француската Амбасада во Скопје во соработка со Македонскиот Олимписки комитет и Амбасадата на Грција,а како домаќин се јавува Европската куќа во Битола. Автор на деветте исклучителни фотографии на врвни спортистки од државата е Маја Аргакијева од Скопје.Дополнително овој проект ја промовира феминистичката дипломатија и го истакнува унапредувањето на родовата еднаквост преку спортот, што коинцидира со целите во делувањето на Француската Амбасада односно француската дипломатија.Изложбата пред бројната публика ја отворија Ирен Кетоф, аташе за соработка од Амбасадата на Франција и конзулот Александрос Видурис, од Конзулатот на Грција во Битола во присуство на авторката на фотографиите Аргакијева и почесната француска конзулка Калиопа Стилиновиќ.Завршувајќи го својот настап со олимпискиот слоган Побрзо, повисоко, посилно, г-ѓата Кетоф уште еднаш потсети дека францускиот јазик е званичен јазик на Олимписките игри и ги покани присутните да се “запознаат“ со популарните Фрижи, маскоти на ОИ 2024 кои, специјално за оваа прилика “допатуваа” во Битола. Олимпијадата во Париз влегува во аналите на историјата со паритетниот број спортисти од двата пола.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”1940″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from ВестиMore posts in Вести »