Во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа 23. општински натпревар “Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од село Добрушево.
Комисијата составена од три члена: Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Колевска по прегледаните тестови и ги соопшти наградените.
Прво место на овој натпревар освои ученичката Јана Врџовска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола со освоени најмногу поени, под менторство на наставничката Александра Упале.
Второ место освои ученичката Деа Атанасов од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола. Трето место освои ученичката Јована Ристевска од ООУ „Елпида Караманди“ –Битола.
Ученичката Јана Врџовска ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Куманово на 21 мај.

Јана Врџовска од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ најдобар млад библиотекар во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени





