Press "Enter" to skip to content

Ден на добри дела во Битола… волонтери на МКЦ Битола изработија мурал во ОУ “Трифун Пановски“

Младински културен центар ‒ Битола организираше креативна работилница за изработка на мурал во основното училиште “Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Волонтерите беа вклучени во подготовка и цртање на ѕидовите во училишниот двор со што го разубавија истиот. Ова место во блиска иднина ќе прерасне во едукативно катче за учениците.-Ви благодариме, денес направивте големо добро дело! Тоа се гледаше од насмевките на лицата на учениците и вработените, безбројните искажани воодушевувања од нивна страна за прекрасниот мурал, изјавија од училиштето.-Денот на добри дела ја промовира солидарноста и помагањето на ранливи и маргинализирани групи во општеството преку директно вклучување на волонтерите за правење на добро во своите локални заедници. Следуваат и нови волонтерски акции не само во Битола, туку и во други 6 градови низ државата, изјави Златко Талевски, Извршен директор на МКЦ-Битола.МКЦ-Битола е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела во Македонија, со различни активности.Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтерска и хуманитарна работа што започнал да се прославува од 2007 година, како иницијатива на непрофитна организација и има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите жители на планетата.

More from ВестиMore posts in Вести »