Press "Enter" to skip to content

Лорд Џорџ Робертсон во Битола, на трибина “Излези за европска Македонија“ (фотогалерија)

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, лидер на новоформираната неформална “Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, вечерва престојува во Битола каде учествуваше на трибината на тема “излези за европска Македонија“.На лордот, Џорџ Робертсон во Битола, пред Заводот и музеј друштво на трибината и зборуваа градоначалничката на Битола – Наташа Петровска и македонскиот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.Лорд Џорџ Робертсон од трибината во Битола порача дека одлуката е во рацете на македонскиот народ, и таа треба да се искористи, сега или никогаш и нагласи:-Би било погрешно да ви кажам како да гласате, но гласањето во овој момент е најголем императив и во таа смисла ќе посочам на една изрека која гласи “ако не гласаш, тогаш немаш право на мислење“. Робертсон порача дека одлуката е во рацете на македонскиот народ, и таа треба да се искористи и дека е важно е секој да гласа, да ги убедите сите.-Кога бев генерален секретар на НАТО јас бев принуден вашата држава да ја нарекувам ФИРОМ, но тоа беше погрешно. Тоа засекогаш може да се промени на 30 септември. Договорот со Грција го гарантира идентитетот, културата, јазикот и ја отвора вратата кон Европа. Одлуката е во ваши раце, сега или никогаш, рече Робертсон.Поранешниот генерален секретар на НАТО и лидер на неформалната „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО нагласи дека говорот на македонски јазик на премиерот Заев во Европскиот Парламент ќе се повтори и по 30 септември.-Со Договорот се гарантира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. За младите е подобро Европа да дојде тука, отколку младите да одат низ Европа. Државите кои се дел од ЕУ и НАТО се напредни и развиени, и затоа сите сте пред историски чекор кој мора да го направите. Оваа шанса на Македонија е шанса за новите генерации, рече Робинсон.Порака до младите битолчани упати и македонскиот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

– Младите во Македонија се за европска Македонија и тие веќе го формираа својот став бидејќи не сакаат Македонија да биде енклава и повлечена од глобалниот свет. Младите треба, и ќе бидат генераторот на позитивните промени во Република Македонија. Младите се најкосмополитската генерација, која кога било живеела во оваа држава, младите секогаш биле генератор на позитивни промени насекаде во светот и така ќе биде овој пат, посочи Пендаровски.Повик за масовно учество и гласање на претстојниот референдум упати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

-Оваа учебна година имаме 200 првачиња помалку од минатата година, а бројката се намалува. Зошто? Затоа што младите родители ја напуштаат државата. Ова мора да престане. А, дали и понатаму ќе заминуваат од државата ќе зависи од нашата мудрост на 30 септември. Сега е шансата. Кога веќе ја имаме пријателската рака од целиот свет, тогаш да ја прифатиме пријателски подадената рака и да бидеме дел од европското семејство, истакна Петровска.Пред трибината градоначалничката имаше кратка средба со Лорд Џорџ Робертсон во хотелот “Епинал“ каде присуствуваа и членовите на потесното раководство на СДСМ од Битола, предводено од престседателот Методија Тасевски.Потоа сите заедно се упатија кон Заводот и музеј пеш по Широк Сокак, каде Лорд Џорџ Робертсон беше запознат со дел од историјата на Битола.