Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно

Денес, сабота, 20 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, недела, 21 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 12 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »