Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Ф.С. (28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 08.12.2017 година во Битола, пријавениот, се претставил лажно како вработен во фирма од Скопје и од И.Д. набавил 30 венчаници со вкупна вредност од 300.000 денари.
До денот на пријавување на настанот, пријавениот не го уплатил наведениот паричен износ на И.Д..






