Денес се одржуваат седмите по ред претседателски избори во Македонија, а гласачите од Битола, како и во останатите градови ќе глаат за еден од седум кандидати,пет мажи и две жени. Во избирачкиот список за претседателските избори во Македонија се запишани 1.814.317 избирачи
Во Битола во првиот круг претседателски изброи право на глас имаат 77.419 полнолетни граѓани кои ќе гласаат на 170 гласачки места.
Избирачкиот список во Битола поради масовното иселување особено на младите во последните години брои 4.636 гласачи помалку од изборите за градоначалник во 2021 година, односно пред две и пол години.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.






