Press "Enter" to skip to content

Струен удар на 110 киловолтен далновод, дел од РЕК “Битола“ без струја

Денес, во 12:13 часот заради струен удар на 110 киловолтен далновод, без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“, меѓу кои и електростатскиот филтер на “Блок 2“.

За среќа, производството на електрична енергија во АД “ЕЛЕМ“, Подружница РЕК “Битола“ продолжи непречено, но за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на “Блок 2“ беше надвор од функција.

Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК “Битола“ продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем.