Денес, четврток, 2 мај, во Битола според Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови можнист за нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, петок, 3 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата во Битола до 19 степени.