Денес, недела, 5 мај, во Битола времето е сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура до 22 степени.
Утре, понеделник, 6 мај, во Битола времето ќе биде со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Максималната температура до 24 степени.






