Според конечните неофицијални резултати соопштени од Државната изборна комисија во 5. изборна единица, каде гласаат и граѓаните од Општина Битола, Битола во идниот парламентарен состав ќе има пет битолчани.
Од победничката коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ ВМРО- ДПМНЕ во идниот парламент ќе бидат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска, Пеце Милевски и Силвана Ангелевска.
Од КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ идна пратеничка ќе биде коносителот на листата, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Од движењето ЗНАМ – “За Наша Македонија“, идна пратеничка ќе биде носителот на листата, Весна Бендевска.






