Синоќа во Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата на фотографии која е поставена по повод 106 години од смртта на Светото Царско семејство Романови. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.
На изложбата прикажани се фогографии од ова семејство, пред се за нивната човекољубива и хумана мисија, а е напаравена која е направена минатата година по повод 105 години од смртта на семејството Романови, а под покровителство на Сретенскиот манастир од Москва.
Изложбата е прикажана над 300 пати на повеќе места ширум светот: Русија, Европа, Австралија, Америка. Изложбата е составена од семејни фотографии, портрети од семејните албуми, и претставува интересен проект од кој преку набљудување може секако во мал дел да се долови и преку слика да се навлезе во сегменти од живеењето на ова значајно историско семејство на Царска Русија.
Во голем број од фотографиите е прикажан секојдневниот живот и доловен е и прикажан хуманитарниот дух и хуманитарните активности на целото семејство.
Настанот го збогатија учениците на Државното музичко училиште и детскиот црковен хор од Битола.
Присутните беа почестени со еден навистина импресивен балетски перформанс, карактеристичен за руската култура по кореографија и костимографија, во изведба на балерината Ивона Зинзировска од Опера и балет-Скопје и членка на рускиот ансамбл „Чајка од Скопје. Балерината е и правнука на офицер од Белогардејската војска-коњаница на Романови, Александар Костин.
[ngg src=”galleries” ids=”1983″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






