Во кругот на фабриката “Кромберг и Шуберт“ која е се наоѓа во индустриската зона “Жабени“ денес се одржа трибина каде гостин беше премиерот Зоран Заев, а трибината беше организирана од од Стопанската комора на Македонија. Покрај премиерот на трибината зборуваше и потпретседателот на владата задолжен на економски прашања Кочо Анѓушев. На трибината која беше насловена “Перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО“ присутвуваа градоначалниците на Битола, Ресен, Новаци и Могила, директори на јавни претријатија од Битола, стопанственици од Битола кои имаа прилока од прва рака да се започнаат со придобивките на македонското стопанство од членството во ЕУ и НАТО.Премиерот ги запозна присутните со продобивките за економијата по склучлување на договоот со Бугарија каде за само една година има 12% поголема трговија, а верува дека така ќе биде и со Грција. Развојот на економската соработка, рече Заев, е прецизиран во членовите 13 и 14 во договорот со Грција.Премиерот зборуваше и за тоа дека голем број на македонски компании во иднина како членка на НАТО ќе можат да партиципираат во јавните набавки на оваа голема воена организација, а како рече убеден е дека голем број на компании ќе ја искористат оваа предност. Заев нагласи и дека и голем број на странски компании ќе вложуваат во Македонија, а приемот во НАТО ќе биде мотивација повеќе за нив.На трибината стана збор и за идната соработка со Германија, која е договорена на последната средба на премерот и канцеларката Меркел при нејзината посета на Македонија, а зборуваше и на повеќе економски и образовни теми, а во Македонија, како рече ќе се користи германското искуство, за што во неговиот тим ќе има и советник од Германија, токму за тие прашања.Премиерот поттикнат од организаторот на трибината, в.д. извршниот директорот на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева – Ѓуриќ зборуваше за придобивките од гасификацијата на Битола, споредувајќи и давајќи примери од Струмица, каде како што рече тој, таму 63% била заштедата во јавните институции кои биле поврзани на гас во Струмица.-Гасификацијата е важна за Битола, а битолчани ќе имаат можност на два начини да ги затоплуваат своите домови, преку гасификација и топлинската енергија, а цефката за гас ќе биде во Битола во 2019 година, рече премиерот Заев.Заев на трибината им порача на сите битолчани кои имаат свои компании да започнат со подготовки за освојување на грчкиот пазар, бидејќи како рече тој со тоа што во Македонија има помали даноци, тие ќе бидат конкурентни на тој пазар.Премиерот Заев одговараше на прашања од стопанстениците и и охрабри да алармират доколку забележат неправилности на тендерите или пак во некои други прашања.
Тој осврнувајќи се на работењето на битолското стопанстви и на стопанството во регионот, во Битола, Прилеп, Ресен, Новаци и Могила, порача дека РЕК “Битола“ е државна компанија од каде треба да има леб за сите.
С.Р.