Окoлу 250 првачиња од Битола, 94 во “Коле Канински“, 50 во “Св. Кирил и Методиј“ и 92 во “Елпида Караманди“ во рамките на акцијата “Безбедни училишта – безбедни првачиња“ – помогната на “Триглав Осигурување“ и РСБСП, беа поделени флуоресцентни елечиња, боенки, лектири и друг материјал.Децата ќе паднат, ќе се турнат или ќе се лизнат. Сето тоа е дел од детската игра и никој не би посакал живот на поинаков начин. Но, постојат мали работи што сите можеме да ги направиме за да се осигуриме дека децата ќе бидат безбедни и сигурни и да ги заштитиме од ситуации кои можат да доведат до попреченост, па дури и до смрт. Безбедноста на децата во сообраќајот е заеднички приоритет и заедничка одговорност на секој поединец и на сите чинители во општеството. Грижата за нив е одговорност на јавниот сектор, невладините организации и на приватните компании. Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и “Триглав Осигурување“ започнуваат со реализација на сообраќајно превентивната акција “Безбедни училишта – безбедни првачиња“.-Акција “Безбедни училишта – безбедни првачиња“ започна денес во ОУ “Коле Канински“ во Битола, а ќе се реализира во повеќе од 20 општини и во рамките на акцијата ќе бидат организирани голем број на сообраќајно-превентивни и едукативни активности и настани. Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие во кое живееме. Со тоа всушност и децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Имајќи го во предвид овој факт и статистичките податоци, на иницијатива на РСБСП, а со поддршка на “Триглав Осигурувања“, како општествено одговорна компанија, која се грижи за заедничко добро на сите граѓани, изработени се 4.000 флуоросцентни елечиња кои ќе бидат доделени на учениците од прво одделение, рече Јасмина Буневска, претседател на општинскиот совет за безбедност.Покрај 4.000-те флуоросцентни елечиња, кои што ќе бидат дистрибуирани за учениците од прво одделение со цел поголема видливост на децата во сообраќајот, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања со цел едукација и запознавање на децата-првачињата со основните правила и прописи во сообраќајот и нивно оспособување за препознавање на ризикот и опасностите во сообраќајот. Јавните настани и едукативните предавања, кои што ќе бидат организирани во повеќе од 50 училишта во Република Македонија, ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира, и др.-Превентивно-едукативната акција за поголема безбедност на децата во сообраќајот беше реализирана и во нашето училиште на интересен и креативен начин, со цел децата преку забава и игра да ги научат основите на сообраќајот и основите на доброто сообраќајно поведение. Маскотата “Кучето – Пази“ беше интересна за нашите првачиња на едукативниот настан, на кои децата ги совладуваа основните правила во сообраќајот. Сообраќајна едукација, на децата од најрана возраст, е основниот начин за долготрочно и трајно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Грижата за безбедноста на децата е најмала работа која што можеме да ја направиме за нив, рече директорот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Душко Костовски.-Сепак, децата се само деца, а заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, да ги едуцираме децата, но пред сѐ да бидеме внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин да покажеме колку многу тие ни значат, додава Буневска.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување ве потсетуваат безбедно и одговорно да учествувате во сообраќајот и да внимавате на најмладите учесници. “Да ги заштитиме децата во сообраќајот – безбедни училишта, безбедни првачиња“ е пораката која сите денес заедно ја упатија до сите учесници во сообраќајот.
Првачиња од три училишта добија флуоресцентни елечиња за поголема безбедност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Горната Гимназија на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt” во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
- Кадетите на Еурофарм Пелистер 2 со убедива победа ја завршија годината (фотогалерија)
- Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника
- СВР Битола: две апсења за дрога, “рено“ излетало од пат, фатено лице барано по потерница, физички напад
- Пелистер со голема победа над ТФТ на крајот од првиот дел на сезоната (фотогалерија)