Денеска во хотелот “Епинал“ во Битола, делегацијата на Европската Унија во Македонија организира работилница на која зборуваше Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија.
Слогано под кој се одржуваше работилницата беше “ЕУ за тебе“ – ЗАМИСЛИ ИДНИНА ЗАЕДНО.
На оваа средба учествуваат голем број на битолчани, од невладините организации, женските организации, од локалната самоуправа, спортските клубови, јавните претријатија, образованието, високото образование и други…
Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, и неговите колеги од Делегацијата ги претставија можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат.
Присуството на експертот за можностите за финансирање што ги нуди ЕУ, присутните го искористија да се информираат за начините на кој можат да се користат средствата од ЕУ, но поставија и голем број на прашања кои не им беа сосема јасни.
Работилниците се одржаа во повеќе општини, а во Битола се одржа последната од нив.

Работилница за финансиската поддршка што ЕУ ја овозможува (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија





