ЈКП “Водовод“ од Битола ги извести граѓаните за голем дефект на водоводната мрежа на Булеварот “1-Мај“, над Црн Мост, а во соопштението се вели:
-Ве информираме дека во текот на денешниот ден (среда 29 мај 2024), поради дефект на водоводната мрежа (ПВЦ Ф -315) на ул. Булевар 1 Мај, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од потегот на ул. “Васко Каранѓелевски“ до ул. “Стив Наумов“. Прекинот ќе трае до завршување со активностите околу санацијата.
На терен се екипите на ЈКП “Водовод“ кои започнаа со санирање на дефектот.
Во прекин е сообраќајот на потегот од кружниот тек кај “Црн Мост“ до кружниот тек кај “Педагошка“. Полицијата го регулира сообраќајот и го пренасочува по околните улици.

Дефект на водоводната мрежа на “Булеварот“ над Црн Мост во Битола, екипите се на терен, сообраќајот се пренасочува (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола





