Press "Enter" to skip to content

Жанета Ристевска, победник во категоријата “лип дуб“ на “КРЕФ 2018“ (фотогалерија)

Прво место на “КРЕФ 2018“ му припадна на авторот, Жанета Ристевска за “лип дуб“  филмот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, со тема “Ние гордо чекориме кон иднината“.

Во мултимедијалниот центар на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип беа додели наградите  на најдобрите ученици и ментори на Меѓународниот филмски фестивал “Креф 2018“ година, кој е акредитиран од страна на Министерството за образование и Министерството за култура на Република Србија. Прогласувањето на најдобрите за почна на свечен начин, а присутните ги поздравија авторите на фестивалот Весела Богдановиќ од Македонија и Зоран Илиќ од Србија.Првата вечер беа доделени наградите на финалистите  во категогориите на “лип дуб“ едукативен филм и “Minecraft scratch“ за различни возрасти од 10- 15 години. Прво место му припадна на авторот Жанета Ристевска за “лип дуб“  филмот на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола со тема “Ние гордо чекориме кон иднината“.-“Лип Дуб“ филмовите се некој вид на музички промотивни спотови  кои изгледаат како да се снимени од една секвенца, се прават и дизајнираат со цел промовирање на училиштето, па во таа насока го снимивме и филмот со кој го претставивме нашето училиште, односно она што се случува “зад зидовите“. Во филмот учествуваа сите ученици и наставници и стручната служба на училиштето, а снимките беа направени со многу подготовки од страна на сите, рече победникот, автор на “лип дуп“ филмот, Жанета Ристевска, психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.Второ место на авторот Зорица Давидовиќ од ОШ “Ѓура Јакшиќ“ од Парачин со филмот “Верујте у образовање“, а третото место и припадна на авторот Зузана Путник од ОШ “Млада Покољења“ – Ковачица.-“Креф“ е избор на најдобри детски филмови, на учители, наставници, и стручни соработници како и на родителите. Целта е активно вклучување на учениците во наставниот процеси развој на мултимедијалниот дискурс во воспитно образовниот процес, истакнаа еден од авторите, Весела Богдановиќ.Овогодишен “КРЕФ 2018“ финалист и презентер на првата вечер беша еден од најдобрите светски едукатори со многу награди и признанија, омилен помеѓу студентите ширум светот, затоа што  меѓу низа негови иновативни техники користи и креативност и игри за време на своите часови по биологија и хемија.Така беше најавен  Richard Spenser од “Middlesbrough College Billingham UK“ кој одржа оригиналан презентација на тема „Креативност во пренесување на знаење“ во кои ги прикажа своите искуства од часовите на мултимедијален пристап со музика и танц во совладување на некои наставни содржини. Сите присутни играа по музиката и неговите инструкции.Следен презентер беше режисерот Симеон Гаврилов кој зборуваше за подобри практики  на тема “Мултимедијалн дискурс во воспитно образовниот процес“. Професорот д-р Кирил Барбареев како директор на “Креф фестивалот“ се обрати истакнувајќи го значењето на филмот како средство за професионален развој и им честита на финалистите во сите категории поттикнувајќи ги и понатаму да бидат креативни и да прават уште многу едукативни филмови.Вториот ден продолжува со  прогласувањето на победниците од другите категории: едукативни филмови, детски игран филм и детски нагледен час.

Завршување на манифестацијата на доделување е со врачување на наградите и просветните оскари.

More from БитолаMore posts in Битола »