Синоќа во Битола се отвори завршната изложба “Уметничка хипноза” на учениците од отсекот Јазично Уметничко “Б“ од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски.
Изложбата на гимазилајците од “уметничкиот “ смер беше поставена и отворена во галерија и музеј “Ранко Струмениковски“.
Изложбата беше исполнета со цртежи, фотографии, рачно нацртани ташни и аксесоари и видео снимено од ученичките Теона Петровска и Илијана Питошка, насловено “Нина“.
Учениците кои изложија свои дела се: Алејна Сулејмановска, Анѓела Екимовска, Бисера Наковска, Дамијана Ристевска, Изабела Кенковска, Илијана Питошка, Јана Мојсоска, Марија Насевска, Мелани Ташковска, Сања Лазаревска, Софија Трајановска и Теона Петровска.
[ngg src=”galleries” ids=”2019″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






