Денес во дворот на основното училиште ОУ “Елпида Караманди“ во Битола се одржа “Kinderfest 2024“, настан за промоција на германскиот јазик.
“Kinderfest 2024“ е во заедничка организација на наставничките по германски јазик од ОУ “Елпида Караманди“ и ОУ “Коле Канински“ од Битола.
Вакви фестивали често има во училиштата во Германија за време на учебната година, а оваа година на “Kinderfest 2024“ имаше повеќе од 100 ученици.
Јазиците се нашето богатство, тоа се трудиме да го пренесеме преку вакви настани и до нашите ученици, преку игра и забава да допреме до детските срца – мото на овие наставнички по германски јазик.
[ngg src=”galleries” ids=”2025″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






