Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен крадец на “тико“, три физички напади, 30 санкционирани мотоциклисти, каснување од кучиња скитници

На 15.06.2024 во 01.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 33 годишник од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 22 до 24.00 часот на 14.06.2024 одзел патничко возило „тико“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 48 годишен битолчанец. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 15.06.2024 во 00.00 часот во СВР Битола, 41 годишник од Битола пријавил дека на 14.06.2024 околу 18.50 часот на ул. “Дебарска“ во Битола, неговата малолетна ќерка била физички нападната од лице од Битола, кој употребил и метален  предмет. Според пријавеното, на истото место, првопијавеното лице заедно со други три лица физички го нападнале друго лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.06.2024 во 23.30 часот во СВР Битола, 49 годишна жена од Битола пријавила дека во близина на нејзината куќа во Битола била физички нападната од внук од брат на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Секторот за внатрешни работи Битола  во текот на вчерашниот ден (14.06.2024), во периодот од 18.00 до 24.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 30 мерки за возачи кои управуваат  мотоцикли, од кои 18 мерки за некористење на заштитна кацига, 9 мерки за непоседување на возачка дозвола…При контролата откриени биле и 13 останати прекршоци…

На 14.06.2024 во 13.10 часот во СВР Битола, Б.П. (83) од Битола пријавил дека на ул.“Македонска фаланга“ бил каснат од  куче скитник.

На 14.06.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, Е.Б. (18) од Битола пријавила дека на ул. “Димитар Илиевски Мурато“ била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »