М-р Александар Камбовски, судија во Апелационен суд Битола, кој неодамна беше избран за член на Судски совет на РСМ од редот на судиите од општата листа за кандидати од апелационото подрачје Битола денес даде свечена изјави пред претседателот на Собранието на Република Северна Македонија.
-Отсекогаш сум верувал во независност, транспарентност, отчетност, одговорност, борба против корупција. Се надевам дека тие мои убедувања ќе бидат рефлектирани на Советот, рече Александар Камбовски, судија, член на Судски совет, кој беше избран на непосредно гласање меѓу судиите.
Заедно со него свечена изјава даде и судијата Исамедин Лимани избран од од редот на судиите од општата листа на Врховен суд на РСМ.

М-р Александар Камбовски судија од Битола, новоизбран член на Судскиот совет, даде свечена изјава
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 13 степени
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат





