Press "Enter" to skip to content

УКЛО академската година свечено ја започна на Техничкиот факултет (фотогалерија)

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ денес во свечената сала на Техничкиот факултет свечено ја започна новата академска година. На свечениот старт на бруцошите за академската години им посакаа успех заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, градоначалничката на Битола – Наташа Петровска, ректорот на УКЛО – Сашо Коруновски, деканот на Техничкиот факултет – Стојанче Нусев и генералниот директор на РЕК “Битола“ – Васко Ковачевски.На почетокот на свечениот прв час за буцошите беа емитувани химните на Република Македонија и академската химна.Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, посакувајќи им многу успешни студии на бруцошите нагласи дека со новиот закон се подобрува квалитетот на  високо образование.-Факултетот и стидентите се авангарда на секое општетсво па затоа и повеќе од 55.000 студенти во Македонија треба да бидат тоа, а не да бидат дел од некои конзервативно сфаќање. За студентите ова е историски ден, почетокот на нивното студирање тие ќе го паметат засекогаш, а од тука треба да излезат идните инженери, бизнисмени кои ќе бидат во иднина столб на нашето општество. Студентите мора да ги искористат сите поволности кои ги нуди Владата на РМ, преку министерството за образование и да бидат рамноправни со студентите од другите европски држани.Деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Стојанче Нусев на стидентите им посака успешни студии, исполнети со многу наука, другарување и убави спомени од академските клупи. Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски рече дека студентите се најважниот дел од академската заедница и додаде:-Битолскиот универзитет “Св. Климент Охридски“ идната година го прославува својот голем јубилеј 40 години од основањето, а оваа генереција на студенти е 39. по ред. Ви посакувам на сите успешни студии во првиот и втор циклус, но ви поралувам да продолжите и на пост дипломските студии, бидејќи на ова општество им пребаат научни работници. Сакам да ви кажам и тоа дека УКЛО, акронимот, по кој ќе ве препознаваат студентите од другите универзитети, има десетици програми за учење во странски универзитети, а вие треба да ги искористите. Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на студентите им посака успешни студии, а на оние кои не се од Битола, а тука ќе се школуваат им посака добар престој во Битола и од тука да се вратат во своите домови со убави спомени.-Бидете жедни за наука, студирајте и само така ќе се стекнете со потребното знаење за идните работни ангажмани, нагласи Петровска.На студентите им се обрати и Васко Ковачевски, генерален директор на РЕК “Битола“ кој им посака успешни студии и дека вратите на Комбинатот се отворени за сите студенти додека се школуваат и таму ја изведуваат практичната работа, а по завршувањето на студиите се надева дека ќе бидат дел од РЕК “Битола“.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »