Лоциран во старо складиште на историската железничка станица на Битола, далеку од метежот на градот, клубот “Јагода“ од својот старт одржа лекција што значи да се пренамени напуштен простор и да му се даде концепт на суровиот, индустриски шарм од стартот на минатиот век со ново живо срце на електронска музичка сцена.
Клубот “Јагода“ ја прифати поканата да биде дел од “Битола Отворен Град“ со организирање на журка на зајдосонце која ќе биде истовремено маркет на креативните индустрии. Креативци од различни дисциплини ја прикажаа својата работа, претворајќи го просторот во динамична галерија. Од впечатлива визуелна уметност до моден дизајн и на новите и на етаблираните творци.
SUNSET VIBES во КЛУБ ЈАГОДА со DJ-set на артистката од Белград, Србија DJ BAJ:NO – со настан посветен на креативните индустрии беше спој на уметност, дизајн и иновации додека креативците и некои стартапи од областа на дизајнот и модата ги прикажуваат своите колекции.
Од визуелни уметности ставени на аксесоари и маици до рециклирани предмети кои наоѓаат примена во секој дом во кој живеат естети. Овој настан го истакна потенцијалот и различноста во креативниот сектор кај нас.
Клубот “Јагода“ беше повеќе од само фестивалска точка – тој има потенцијал оваа идеја да ја продолжи за моќта на креативноста да го трансформира просторот често и да ги поврзе дизајнерите, уметниците и сите оние кои се занимаваат со рачни изработки.

Клубот “Јагода“ креативен хаб на “Битола Отворен Град“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





