Легендарните песни на овој бенд биле поврзани со општествените случувања од транзицијата, меѓучовечките односи, вредностите, љубовта… Ристо Вртев – фронтменот на “Архангел“ со својата појава од крајот на 80-тите извршил неверојатно влијание на публиката и воопшто на културата во осумдесеттите и деведесеттите…
-Сè уште сме заглавени во т.н. транзиција, така што моите песни не изгубија ништо од актуелноста. На моите настапи гледам луѓе од мојата генерација, па сè до најновите генерации.За влијанијата навистина не знам, не се занимавам со тоа, но мојот впечаток е дека преку песните споделуваме нешто заедничко. Дека не сме осамени во овој свет, кој ја загубил својата морална и етичка суштина и чувството за правда, тоа се универзални категории, а тоа е токму она што ги одвојува луѓето и животните, ќе изјави тој во едно свое интервју.
Неговите песни живеат меѓу луѓето од повеќе генерации. Тој стои мирно пред тој факт.
И денес после толку многу години, “Архангел“ е актуелен.Нивниот опус стои како емоција во нашата колективна меморија, па и денес во вака конституиран суров свет каде токму емоциите губат на значење.
-Меѓутоа, кога човек ќе ги потисне емоциите, тие му се враќаат „како казна, како горка измама“ ќе кажат стиховите на Вртев.
Ќе живее таа сеопфатна љубов кон овој култен бенд кој настапи на “Битола отворен град“.

“Архангел“ синонимот за македонска музичка авангарда од 1988 на “Битола отворен град“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Гран при за Маријан Стевановски за “Мојот син“ на 34. Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм во Битола (фотогалерија)
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина





