Press "Enter" to skip to content

Фото вест: коњ врзан на улица, автомобили паркирани на тротоар

Денес околу пладне битолчани кои поминуваа по улицата “Иван Милутиновиќ“ без разлика дали беа во автомобили или се движеа пеш, подзастануваа да ја видат несекојдневна глетка, убав бел коњ врзан за дрво на улицата.

Белиот коњ видно вознемирен од движењето и бучавата на автомобилите беше опасност за возачите во возилата кои се движеа по улицата и го заобиколуваа, а и се чудеа на ова глетка која можеби за прв пат ја гледаат.-Уште ова го немам видено, коњ врзан за дрво на улица опасност за возачите, а до него на тротоар паркирани автомобили во место кое е наменето за зеленило. Барем да беше обратно коњот да беше кај зеленилото, а возилата на улицата, коментира Драган, како ни рече жител од зградата, кој не можеше да каже кој го има врзано коњот тука, а ќе чека да види кој е толку несовесен.

Белиот коњ беше толку вознемирен што на моменти бараше заштите од автомобилите доближувајќи се околу дрвото или легнувајки под него.