Press "Enter" to skip to content

Летeн камп за учениците од Гимназијата “Јосип Броз Тито”- Битола (фото)

Традиционалниот летен камп со поддршка во организацијата на патувањето од страна на Француската Алијанса и Францускиот Институт и оваа година помина одлично, во пријатна и опуштена атмосфера. За 14 дена 60 ученици во придружба на неколку наставници посетија 10 европски градови, многу музеи, историски знаменитости, институции.  Зад оваа иницијатива со години стои професорот по историја Иле Трајкоски со чија заслуга учениците се дел од еден успешен проект.  Истовремено тоа е одлична промоција за добивање солидни знаења за европската историја и цивилизација,европските вредности и секако за изучувањето на францускиот јазик.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »