Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани возачи под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (13/14.07.2024)во времето од 22.00-06.00 часот спроведе засилена локална контрола во областа на сообраќајот. 
 
На територија на Ресен изречени се вкупно 12 мерки за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, а на подрачје на Битола санкционирани биле двајца возачи.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »