Иако во понеделникот започна академската година Иниверзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола објави дополнителен конкурс, четврт уписен рок за студенти во прва година на прв циклус студии на тој Универзитет, пријавувањето на идните студенти, а од утре започнува проверка на знаењата на англиски јазик, зза кандидатите кои се пријавуваат на студиски програми коишто се реализираат на англиски јазик.
Резултатите од прелиминарна ранг-листа ќе биде утре на 4 октомври, објавувањето на решението за прием на кандидатите ке биде на 8 октомври, а запишувањето ќе биде на 9 октомври.
Според кокурсот, огласени се 2.411 слободни места на сите високообразовни единици,
-на економскиот факултет во Прилеп има најмногу слободни места – 438,
– на технички факултет во Битола може да се запишат уште 344 бруцоши,
-на факултетот за информатички и комуникациски технологии 283,
-на технолошко-техничкиот факултет во Велес има место за 185 студенти,
-на факултетот за туризам и угостителство во Охрид може да се запишат 252 студенти,
-на педагошкиот факултет во Битола има 115 слободни места,
-на факултетот за безбедност во Скопје 173 слободни места,
-на правниот факултет-Кичево слободни се и 216 места,
-на факултетот за биотехнички науки може да се запишат уште 183 студенти,
-на високата медицинска школа нуди можност за упис на 177 студенти,
-на Ветеринарен факултет во Битола има место за 45 студенти.
Од УКЛО-Битола информираат дека 1.092 се слободни во т.н. државна квота за студирање, 818 се со кофинансирање, додека 501 место се за вонредени студенти.