Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Николче Јанкуловски од Битола заменик на министерот во Министерството за финансии

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.

За заменик на министерот во  Министерството за финансии се предлага проф. д-р Николче Јанкуловски од Битола редовен професор на Универзитетот во Битола.

Јанкуловски е доктор на економски науки, претседател на Сенатот на универзитетот од Битола, а во моментот е редовен професор на катедрата за агроекономија на Биотехничкиот факултет во Битола.

Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.

More from ВестиMore posts in Вести »